Производите за фармација ги произведуваме повеќе од 10-тина години за Македонскиот пазар. Овие производи се наменети за примарна медицинска употреба (лажички за сируп,дозерки за сируп),за полупроизводи (затварачи за стаклени шишиња,капалки за стаклени шишиња и др.) и производи за пакување на лекови (пластични шишиња-фиоли). За овие производи обезбедуваме соодветни сертификати во зависност од потребата на производот.Имаме посебен погон кој ги задоволува стандардите за изработка на производите за медицинска пластика. Производите за фармација ги изработуваме за најдобрите фирми во Македонија (Алкалоид-Скопје, Фитофарм.Галафарм,Реплек фарм и др.) Изработката на деловите исклучиво е со оригинални материјали со кои што се пропишани од европската фармакопеја за делови од пластика.